2017-01-08
Доаѓа новата банкнота од 50 евра

Со нас сте на сигурна страна
Банкнотите од серијата „Европа“ се воведуваат во текот на неколку години. Банкнотите од 5 €, 10 € и 20 € веќе се издадени, а банкнотата од 50 € ќе влезе во оптек на 4 април 2017 година. Воведувањето на новите банкноти од 100 € и 200 € е планирано за околу крајот на 2018 година. Новата банкнота од 50 €, како и претходно издадените банкноти од серијата „Европа“, ќе биде во оптек заедно со банкнотите од првата серија, кои остануваат законско средство за плаќање. Евро-банкнотите секогаш ќе ја задржат својата вредност и можат да се заменат без временско ограничување во националните централни банки на Евросистемот.
Зошто нови банкноти?
Заштитните елементи на банкнотите треба одвреме-навреме да се подобруваат за банкнотите да бидат уште поотпорни на фалсификување. Сите банкноти од серијата „Европа“ добиваат и освежен изглед. Тоа сега е направено и со новата банкнота од 50 €, која има прозорец со портрет видлив од двете страни, како и други подобрени заштитни елементи. Со тоа таа е уште посигурна, а и понатаму лесно се проверува.
>> Дознајте повеќе за серијата „Европа“ на евро-банкнотите
Ажурирање: банкнотата од 50 € од серијата „Европа“ е во оптек од 4 април 2017 година, а банкнотите од 100 € и 200 € следуваа во мај 2019 година.